Една американска пливачка стана првата која го препливала каналот Ла Манш меѓу Франција и Англија, четири пати без прекин. 37 годишната Сара Томас предизвикот го започна во раните утрински часови во неделата, а го заврши денеска наутро по околу 54 часови. Сара пред една година се излекувала од рак на дојката, па овој спортски подвиг им го посвети на лицата кои го победиле ракот. Пред неа, четворица пливачи успеале да го препливаат 30-километарскиот канал пливајќи три пати без прекин.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...