Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата од кои во Скопје 20, Куманово три, Велес три, Прилеп два и во Дебар еден случај.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 108, во Дебар – 41 и еден починат, во Куманово – 11 и еден починат, во Штип – седум, Велес – три, Кавадарци – два, Охрид – два, Прилеп – два и Гостивар – еден.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...