Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус и тоа во Скопје (15), Куманово (четири), Дебар (два), Охрид (еден), Штип (еден), Тетово (еден), со што вкупниот број дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 201 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (123), Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани двајца пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има тројца излекувани пациенти и тројца починати, информираат од Министерството за здравство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...