Од ноќеска на полноќ па во следните седум дена ќе има корекција на цените на горивата од половина денар само кај „95-ката“, останатите ќе се продаваат по иста цена како и претходнава недела. Регулаторната комисија за енергетика пресмета дека новата повисока цена на „Супер 95“ ќе изнесува 67 денари, додека 98-цата цената останува 69 денари за наточен литар гориво. Цената останува иста и за дизелот кој во следниве седум дена ќе се продава по цена од 60 денари за еден литар. Регулаторната комисија за енергетика, ги пресметува цените според новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите. Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...