Ако блокирате некој на Фејсбук најверојатно сакате тоа да остане така, се додека самите не одлучите поинаку.

Меѓутоа, работите на оваа социјална мрежа не секогаш функционираат како што сакаме.

Фејсбук штотуку објави дека околу 800 илјади корисници биле „жртви“ на грешка во код, што довело до одблокирање на дел од блокираните корисници.

Иако информацијата дури сега излезе во јавност, багот бил активен од 29 мај до 5 јуни, соопштија од Фејсбук.

Треба да се напомене дека оваа грешка во кодот не ги „спријателила“ корисниците со блокираните пријатели, меѓутоа одблокираните во тој период можеле да добијат податоци за тоа кој ги блокирал, но и можност да испратат барање за пријателство.

 

 

Shpërndaj me