Алсат дознава дека трагите од денешново пукање во хотелот „Александар Палас“ водат кон Арачиново. Според наши извори  во атар на с.Арачиново пронајдено е опожарено возило „Фолсваген Туарег“  во кое имало две автоматски пушки.  Истотака околу 08:30 часот е пријавено е дека на паркингот испред „Александар Палас“, било оштетено возило „Фиат“.


Престрелки во Александар Палас

На 01.12.2019 г. околу 00,35 ч. добиено е дојава за пукање од огнено оружје во Хотел Александар Палас, лоциран на бул. 8-ми Септември бб, дознава Алсат . Додека во ресторанот седеле 5 машки лица, од страна на 5 други машки лица вооружени со огнено оружје, најверојатно автоматски пушки и пиштоли, со црни или црвени фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган према ресторанот, а тројца од сторителите влегле во Хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали према ресторанот, по што го напуштиле местото.

Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец према сторителите извикувајќи дека тој е полиција. Повредени лица нема. Оштетени се изложните стакла, пронајдени се чаури од автоматска и пиштолска муниција на лице место.


Еден човек е ранет во престрелката во Александар Палас?!

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Официјално не се соопштува за кого се работи ниту за бројот на повредените или евентуално убиените луѓе.

Избегале од тепачката и се вратиле со калашњикови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...