Граѓаните пред да донесат одлука за купување на недвижност можат да го проверат квалитетот на новоградбите преку сертификатите за градба кои треба да ги поседуваат изведувачите. Дали објектот се градел со квалитетни градежни материјали треба да покажат резултатите од испитувањата направени во акредитираните лаборатории.

Претставници на Институтот за стандардизација и домашни градежни компании се сретнаа денеска на дебата за важноста од стандардизацијата на новите градби. Градежниците уверуваат дека градат по европски стандарди.

Пред градба на секој проект, обврска на инвеститорот којшто сака да гради е пред вградувањето на бетон да направи лабораториско испитување. Пред вградување на арматура, се земаат податоци и се испитува лабораториски дали го задоволува квалитетот којшто е предвиден согласно проектната документација…“ Изјава, Ивица Јакимовски претседател на градежна комора

Стандардизацијата не само во градежниот сектор, туку и во останатите области од стопанството, ја гарантираат конкурентноста, велат од Институтот за стандардизација. Во земјава се прифатени околу две илјади европски стандарди во градежништвото.

Еден стандард се повикува на низа други стандарди. Ако еден стандард е обврзувачки согласно Законот за градежни производи тој има линк со низа други стандарди коишто говорат за испитувањето на тој градежен производ. Така да тие пакети за агрегатите се најпродавани во моментов, потоа следуваат за бетонот, испитувања за цементот.“ Изјави, Соња Черепналовска раководител на секотор за стандардизација во ИСРМ

Стандардите не се законски обврзувачки, но се неопходни за конкурентноста. Во регионот, стандардите наменети за градежништвото кај нас имаат најниски цени и се движат од 500 до 3.000 денари во зависност од обемот на испитувањата.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me