Во земјава има стотиците струки со висок ризик. Од рудари, до балерини, но новинарите остануваат надвор од овој список. Иако се изложени на опасност додека се обидуваат да ја известуваат јавноста, тие досега се во сенка на вниманието на општеството. Честопати се случува дури и самите новинари да станат вест на теренот кога ќе бидат нападнати или ќе се соочат со некаков вид опасност.

Ова се оценките на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници, од каде велат дека во новиот Закон за пензиски фонд што Министерството за труд и социјална политика се очекува да го предложи следната година, новинарите треба да уживаат и статус на бенефициран работен стаж и други придобивки.

Од Здружението на новинари на Македонија велат дека за да се постигне бенефициран стаж, потребно е многу време и посветеност од институциите и граѓанското општество, но потпишувањето на колективните договори е најлесниот метод за подобрување на условите за работа. Според директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, законот во моментов не им одговара на новинарите по прашањето на безбедноста и материјалните приходи.

Од ЗНМ потсетуваат дека во последниве пет години имало 60 напади врз новинари и медиумски работници, од кои само два се расветлени. Само на 27 април 2017 година, во насилните настани во Собранието, физички беа повредени 19 новинари и сниматели, а никој не е обештетен. Траумите остануваат засекогаш.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...