Ланецот маркети Рамстор денеска и официјално ја промовираше новата мобилна апликациј коа веќе е во функција и достапна за потрошувачите. Преку оваа услуга купувачите ќе имаат  преглед на понудите на Рамстор Супермаркетите, а апликацијата може да се симне преку „App Store“ и „Google Play“. Со најавување преку Рамстор Клуб картичката корисниците ќе имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи но и да имаат увид во поените кои ги имаат на Клуб картичката.

„За нас, нашите потрошувачи се секогаш на прво место и се радувам што отсега можеме да им пружиме уште подобро искуство при купувањето, но и да им помогнеме организирано да заштедат и истовремено да ги добијат најквалитетните производи кои ги нудат Рамстор Супермаркетите. Топло ја препорачувам на сите наши верни потрошувачи“, изјави Ајхан Узун, Генерален директор на „Рамстор Македонија“.

Loading...

Shpërndaj me