Вилма Рускоска ја прошири истрагата за „Рекет“. Нови четворица осомничени заедно со Боки 13 се мета на истрага за измама и перење пари преку хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ чиј основач е токму Бојан Јовановски. Освен Боки 13, осомничени се и Јасна Мандиќ – потпретседател на невладината, неговиот татко, лична асистентка но и потпретседателката на Парламентот, Фросина Ременски. Според обвинителството пратеничката од СДСМ имала посебна улога – одела на состаноците со Боки 13 за да се остави впечаток дека зад проектите што ги нуди невладината на Јовановски стои владата. Хуманитарната организација извлекла околу 1 милион евра од двајца бизнисмени за наводни проекти за старски домови.

Љубомир Јовевски, Републички обвинител

„Во делот за дејствијата кои беа посочени и од вас новинарите во делот на исплатата на 720 илјади евра од битолска фирма и во делот на парите исплатени од струшката фирма“

Аберот дека висок функционер на СДСМ е под истрага на обвинителството за организиран криминал стигна до Владата. Премиерот Зоран Заев посочи дека треба убаво да се види за што точно е осомничена Фросина Ременски но и најави мерки против неа.

Зоран Заев, Премиер 

„Ја добив информацијата дека има соопштение или изјава, која што, сега вие кажувате за кој од лицата се однесува, односно за под претседател на Собрание. Ние секогаш сме го кажувале нашиот став, кога едно лице ќе биде осомничено, обвинето, тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице и да си докаже своја невиност“

Обвинителството за Ременски бара само мерки на претпазливост, исто како за таткото на Боки 13 и за личната асистентка на првиот човек на Меѓународниот сојуз. Рускоска проширувањето на истрагата го соопшти само ден пред да поднесе обвинение за „Рекет“ каде за изнуда на еден милион евра од Орце Камчев се осомничени, Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева.

Bojan Stojanovski 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...