НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб.Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

На свеченото отворање на експозитура Бутел пред присутните се обрати Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Г-дин Антонио Аргир:

“Ми претставува вистинско задоволство да Ви посакам добредојде и заеднички да го означиме отворањето на новата експозитура на НЛБ Банка. Новата експозитура во Општина Бутел ќе биде организирана според концептот универзaлна мала банка нудејќи сеопфатни банкарски услуги за население и правни лица.Со ова, НЛБ Банка ја збогатува својата мрежа на експозитури која отсега ќе брои вкупно 54 експозитури, од кои 28 во Скопје, а останатите лоцирани во другите градови на Македонија. Отворајќи ја оваа експозитура би сакале да придонесеме за поголема достапност на финансиските услуги до жителите на Општина Бутел и граѓаните на Скопје, а во насока на понатамошен развој на општината, НЛБ Банка донира 60.000 денари на основното училиште ОУ Панајот Гиновски наменети за уредување на спортските терени.

Loading...

Shpërndaj me