Со предавање на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, денеска новата амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мери Брнс, и официјално ја започна својата функција.

„Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО алијансата. Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа“, рече во дел од своето обраќање амбасадорката Брнс.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...