И покрај најавите за зголемени полициски патроли пред градската болница Свети Наум Охридски во Скопје, состојбата во оваа здравствена установа останува иста. Ниту еден полицаец немаше денес во близина на болницата. Нејзиниот директор за Алсат информираше дека полицајци не доаѓаат ниту во текот на ноќта.

„Од Министерство за внатрешни работи се недостапни за да објаснат дали ангажирале полициски патролни тимови во текот на ноќта пред болницата. Првите лица на оваа болница за Алсат тврдат дека сè уште нема никакви чекори во оваа насока“.

Покрај Градската болница, полицајци нема ниту низ други болници и клиники каде има најголема фрекфенција на посети и каде одат најтешките случаи. Од друга страна, министерот за здравство пред една недела најави дека размислуваат дали да ангажираат една осигурителна компанија или неколку, поделени по клиники и болници.

Не се знае што ќе се случи со обезбедувањето кое е веќе ангажирано во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Каде ќе завршат тие вработени во случај ако се избере една единствената компанија? Во текот на изминатиот месец неколку клиники, Воената болница и Градската болница беа место на инциденти каде граѓани, па и пациенти се судрија со медицински персонал. Здравствените работници протестираа. Побараа поголема безбедност, но и после протестот повторно имаше инциденти.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...