На денешното рочиште за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, обвинетиот Александар Василевски – Нинџа денеска пред судот призна дека бил ангажиран од УБК во 2015 година од страна на поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски. Пред судот рече дека добил пиштол, значка и бил задолжен за оперативно-технички и прикриени операции во Управата.

Тој рече дека зад протестите „За заедничка Македонија“ стои ВМРО-ДПМНЕ, a потребните реквизити биле носени со возила од партијата. Додаде и дека Борис Дамовски, Игор Дурловски, Бетмен и Владо Јовановски, биле фиктивни водачи на движењето, контролирани од структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Shpërndaj me