Пропадна планот за субвенционирање на автомобили до 3.000 евра и за понизок данок на додадена вредност за увоз на поеколошки возила со Еуро 5 и 6 стандард. Пари во буџетот за следната година за оваа мерка ќе нема. Предлог мерката дојде од министерот за економија Крешник Бектеши. Иако во планирањето на буџетот на министрство пари за оваа намена биле превидени, министерката за финансии Нина Ангеловска не ги одобрила. Според неа, оваа мерка нема да го даде посакуваниот резулат, па затоа предвидените пари ќе одат во други мерки.

„ Беше одлучено дека приоритетите на владата се да ги алоцира парите онаму каде што ќе ги дадат најдобар ефект. Мерката беше дебатирана, дискутирана имаше и работна група, и средствата се алоцирани за да дадат најдобар ефект“, рече министерката Ангеловска.

Министерот Бектеши, тврди дека не ги излажал грѓаните, туку напротив ќе се донесе решение кое ќе биде најдобро и ќе опфати повеќе граѓани.

„Нема директно во буџетот предвидени средства за реализација на втората мерка која е предвидена во Законот за возила, а тоа е откажување на старо возило со купување на  ново возило со директна субвенција. Ќе одиме со друго решение со кое ќе овозможиме на повеќе заинтересирани граѓани да ја искористат таа мерка или таа поволност која можеме да ја дадеме  со законско решение. Значи нема да има директно субенционирање пари директно, но мометално работиме на законски измени“, вели Бектеши.

Опцијата за субвенционирање на автомобилите со 3.000 евра беше најавена во текот на летото. Оваа мерка предвидуваше замена на старо со ново или користено возило со еколошки стандарди односно Еуро 5 и Еуро 6 мотор. Во мометов во земјава има 466 илјади регистрирани возила, но дури 269 илјади се постари од 18 години. Оваа мерка предвидуваше да придонесе кон намалување на аерозагадувањето кое веќе години наназад е најголем проблем на граѓаните.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...