Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

– Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николковски.

Северна Македонија, како што се наведува, нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...