Корупцијата и натаму останува канцер во општеството, потенцираа експертите и претставниците на извршната власт на денешната дебата под наслов „Како до Општество ослободено од корупција“. Во последниве неколку години има благо подобрување на состојбите, но мора поефикасна борба против ова зло, вели Џабир Дерала од невладината Цивил. Јавното здравството и образованието се најкорумпирани, следуваат останатите државни институции.

„Се разбира дека прво се наоѓа во институциите, но не може да се изостават политичките партии од одговорност бидејќи токму тие со заробувањето на системот и на општеството тие се мотори на корупцијата“, рече Џабир Дерала, невладина органицација „Цивил“.

Премиерот Заев е свесен како што вели  дека корупцијата ги јаде и труе општеството и системот и затоа под итно треба да биде донесен новиот закон за борба против овој негативен феномен. Премиерот уверува дека се преземени чекори за реформи во судството.

„Владата го прифати предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, чиј службен автомобил беше забележан во странска држава. Владата апсеше градоначалник од своите редови, за што имаше докази за криминал….“, рече Заев.

Ване Цветанов од здружението „Зелена Лупа“ побара од граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат секаков вид на корупција кај надлежните институции.

„Приоритет треба да биде високите форми на корупција за високи форми на организиран криминал, но не смееме да ги заборавиме и ниските форми на корупција“, рече Цветанов.

Но, Антикорупциската комисија во земјава не функционира од март годинава. Петмина од седумте антикорупционери си поднесоа оставки по скандалот кој обелодени дека токму тие злоупотребиле пари предвидени за патни трошоци. Новиот состав на антикорупциска ќе се бира по усвојувањето на законот за спречување на корупцијата кој е во собраниска процедура.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me