Индепендент состави листа на најплатени имиња во американската филмска индустрија чии заработки ја надминуваат цифрата од осум милиони долари.

Иако првите места на листата најплатени им припаднаа претежно на мажите, односно на актерите Даниел Крејг, Двејн Џонсон и Вин Дизел, со своите филмски остварувања и заработки можат да се пофалат и неколку актерки.

На првото место најплатени актерки се најде Ен Хатавеј чија заработка за долго најавуваниот филм “Barbie” (кој ќе го гледаме во 2020 година) се проценува на 15 милиони долари.

Веднаш после неа се најде 27 годишната ѕвезда Џенифер Лоренс чија заработка за “Red Sparrow” изнесува 15 милиони долари.

Третото место го зазема Сандра Булок која го позајми гласот во филмот “Мinions” и со тоа заработи 10 милиони долари.

Британската актерка Емили Блант за улогата во најновиот филм “Jungle Cruise” ќе добие од 8 до 10 милиони долари.

Shpërndaj me