Мислиш дека тој ти недостига? Мислиш дека ти недостига начинот на кој тој те држеше за рака, или пак начинот на кој те засмеваше кога ти беше тешко? Начинот на кој го изговараше твоето име?

Вистината е дека, тебе ти недостига љубов. Не тој.

Ти недостига рака на која ќе можеш да се потпреш. Но, не неговата.

Ти недостига внимание, некој со кој ќе споделиш вистински моменти.

Ти недостига доверба.

Некој со кој ќе можеш да разговараш за сите свои чувства и стравови. Не ти недостига доцнењето или пак изговорите. Ти недостига некој кој ќе биде покрај тебе и кога ти е убаво и кога не ти е.

Затоа, немој да ги помешаш недостигањето со осаменоста.

Оној кој не е покрај тебе, време е да замине и од твоите мисли. Ти повеќе не знаеш ни каква личност е тој. Не знаеш како го поминува денот, ниту со кого. Што е тоа што го прави среќен откако не сте заедно, ниту тоа што го растажува. Тој сега е вистински странец за тебе.

Па, како може да ти недостига некој кој не го познаваш?

Празнината која ја чувствуваш не е поради отсутноста на оној кој некогаш си го сакала. Тоа е само отсуство на љубов. Отсуство на нечија близина. Тебе всушност, ти недостига некој кој ќе го сакаш.

Бившиот е веќе далеку и повеќе не е истата личност која бил. Ниту пак си ти истата жена како претходно. Луѓето се менуваат постојано и секој нов ден носи нешто подобро.

Ти само сакаш љубов!

Време е да си признаеш дека тој и така никогаш не бил личноста со која би сакала да го поминеш својот живот. (гледајќи од сегашноста). Затоа дозволи си да ја согледаш вистината и да се опуштиш.

Иднината е непредвилнива и е на чекор од тебе. Секоја наредна минута е иднина. Зошто да чекаш и да патиш поради нешто што останало многу далеку зад тебе?

Она што ти треба е сосема нова личност покрај тебе.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...