Понекогаш не е сѐ во парите…Жозе Мурињо ја одби најголемата понуда во историјата на фудбалот и нема да стане нов тренер на Гванжу.

Португалецот веќе некое време нема ангажман, но воопшто и не му се брза. Кинескиот клуб даде страшна понуда за која се шпекулира дека биле во пршање околу 40 милиони евра по сезона.

За Мурињо проблем било семејството. Како што се наведува во странските таблоиди, тој бил многу поврзан со нив и никако не можел да се реши за преселба во Азија.

Па така, Жозе сѐ уште одмара и ја чека вистинската понуда…напоменуваме дека досега ги одби Бенфика, Њукасл, Рома и Селтик.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...