Вие и вашите пријатели сте два различни света кога станува збор за парите. Работите различен тип на работа, заработувате различна плата, ги трошите парите за различни работи или вложувате во различни нешта.

Понекогаш вие не можете да си ги дозволите работите што ги купуваат тие, или пак, тие не можат да си ги дозволат патувањата на коишто одите вие. Факт е дека животот е еден и дека треба да го живеете како што ви одговара вам. Престанете да се споредувате со пријателите, најмалку од сè престанете да ги споредувате вашите финансии.

А, токму ова го прават голем број луѓе. Ова може само да доведе до љубомора, раздор и караници.

Ако сакате повеќе пари – заработете ги. Сменете ја работата, најдете втора работа. Има многу начини. Но, не правете го следново:

1.Немојте да живеете ден за ден

Преживувањето од плата до плата не е забавно. За многу луѓе ова е привремен начин на функционирање додека да станат финансиски позрели. Но, не можете да се тркате со пријателите во секој поглед. Или да стоите заедно во место затоа што ним не им оди добро колку вам. Не брзајте. Направете пла. Реализирајте го. Штедете додека сте млади. Полесно е отколку кога ќе имате деца.

2.Немојте да живеете туѓ живот

Сакате да живеете „на висока нога“ како некои од вашите пријатели, но не можете да си дозволите секојдневни вечери во ресторани, патувања во странство еднаш месечно, скапи автомобили, чанти… Што ако тие се директори на фирми, имаат сопствен бизнис, а вашиот сон бил да бидете учителка и да им помагате на децата? Платите не можат да се споредат во никој случај, затоа ни вие не се споредувајте со нив. Дозволете си ги работите што можете. И запомнете – и вие имате кариера што е значајна, убава и од голема помош за другите, само, не толку многу платена.

3.Вашите пријатели можеби прават лоши избори

Во ред, вашиот пријател можеби купил нов автомобил, од сало, а вие не можете да си дозволите ни увезен на старо, ама дали сигурно знаете колку многу работи, вложува и колку кредити зел или од каде позајмил за да го купи автомобилот? Знаете ли колку лоши избори направиле за да стигнат до тоа ниво каде што се денес? Не посакувајте секогаш да сте на туѓо место.

4.Сите имаат различни приоритети

Можеби со својот буџет таа купува чевли од 10.000 денари, а вие од 2000, но тоа можеби само значи дека имате различни приоритети. Можеби вашата цел не се скапи предмети туку патување, отплата на кредит, хипотека, облека за децата. Не мора да имате исти цели за да бидете пријатели.

Запомнете – додека ги споредувате своите со финансиите на пријателите, вие ќе бидете во загуба заради потрошеното време и енергија на бесмислици. Фокусирајте се на себе, на своите пари и на своите потреби. Така и пријателството ќе ви биде посилно.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...