ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став дали ќе присуствува на лидерска средба, која како предлог вчера ја навести премиерот Заев. Од опозицијата не одговораат дали Мицкоски е подготвен да седне на маса со лидерите на другите партии за да дискутираат за важни прашања.

Освен можните измени во изборниот закон, теми за разговор на средбата, според Заев може да бидат и Законот за попис на населението и Законот за Јавно обвинителство. Тој рече дека е важно средбата да се одржи што е можно поскоро.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на предлог-законот за попис на населението и смета дека тој е вон стандардите на Еуростат. Работните групи на партиите не успеваат да се договорат околу законот за ОЈО и иднината на СЈО. По објавување на телефонските разговори на премиерот Зоран Заев со руските комичари-измамници, опозицијата пак побара предвремени парламентарни избори.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...