Нејаснотии во Собранието околу идните политички позиции за автентичното толкување на Законот за помилување. И по вообичаената понеделничка координација, не се знае како ќе заврши иницијативата за толкување на членот 11 од законот. Врз основа на овој член претседателот Ѓорге Иванов пред три години помилува 56 функционери и поранешни функционери кои потоа беа осомничени од СЈО, а проценката на Уставниот суд може да го поништи укинувањето на помилувањето и повторно да го активира. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја поддржи иницијативата на СДСМ за автентично толкување, но со услов за помилуваните повеќе да нема место во политиката.

А, вечерва ДУИ на состанок на партиското претседателство не дискутираше за ова прашање, па дебатата му ја оставаат на Парламентот. Сепак, ДУИ е спремна да ја поддржи иницијативата.

За албанската опозиција, иницијативата за автентично толкување токму во периодот кога прашањето се актуализира во Уставниот суд е сомнителна, па сè уште не изградиле став.

„Ние секогаш сме се залагале за бескомпромисна борба против сите кои без сомневање се вмешани во криминал и корупција и секогаш сме против сите иницијативи кои преку судските инстанци или Уставниот суд настојуваат да ефектуираат или да се постигнат некаква амнестија за сите инкриминирани и за сите кои се осомничени врз основа на прислушувањата кои ги слушнавме“-iизјави Сурија Рашиди, Алијанса за Албанците.

„Правниот систем тапка во место и ние како систем, како држава, како граѓани заедно имаме сериозни проблеми со правниот систем и со тоа што го предвидува правниот и политичкиот систем во оваа земја. Лично и како политички субјект секогаш сме биле против амнестиите и помилувањата“-рече Фадил Зендели, Движење Беса

СДСМ побара автентично толкување на споменатиот член од Законот за помилување поради тоа што, според нив, членот врз кој Иванов ги темелел помилувањата, бил укинат многу порано. Сепак, од партијата на власт не објаснуваат врз каква основа бараат автентично толкување на член кој го сметаат за непостоечки.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека иницијативата за автентично толкување на законот е даден за мислење во Владата и во законодавно-правната комисија. Откако ќе добие мислење од Владата, комисијата треба да изготви конкретен предлог за автентично толкување. На дневен ред, како што објаснува Џафери, ваква точка не може да биде ставена пред 11 декември која е и првата седница по завршувањето на дебатата во Комисијата за буџетот.

Членот 11 од Законот за помилување ги регулира случаите кога претседателот на државата има право да помилува, а членот 11-а беше додаден после помилувањата на Иванов за нему да му даде законска основа за да ги повлече помилувањата. Уставниот суд сега ќе го оценува токму членот 11-а и правото на претседателот да повлече веќе дадено помилување.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...