Заев и Мицкоски, секој за себе се разочарани од ставовите на своите опоненти изнесени на лидерската средба која траеше до раните утрински часови. Имаат сосема спротивни размислувања за причините поради кои не дојде до договор а вината си ја префрлуваат еден на друг. Премиерот вели дека Владата предложила формирање ново обвинителство за висока корупција, кое ќе работи паралелно и независно од сегашното, предводено од Вилма Русковска. Обвинителството, според предлогот ќе го лице предложено од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вели дека опозицијата сака предметите на СЈО да бидат ставени под нивна контрола, во обвинителство предводено од обвинител избран од опозицијата, за потоа да исчезнат. Мицкоски пак смета дека нема потреба од нов закон за регулирање на случаите на СЈО кои и така преминуваат во рацете на Јовески.

Власта предложи сите обвинители од тимот на Катица Јанева да влезат во новото Обвинителство за висока корупција, но опозицијата вели дека новиот тим на обвинителите треба да го избере Советот на обвинители, а не политичките лидери. Според опозицијата, тимот на Јанева треба да биде дисперзиран на претходните работни места и да има право да аплицира за да стане дел од новото обвинителство, како и сите други обвинители во земјава. Тие не се против обвинителите на Јанева и понатаму да ги претставуваат случаите на СЈО, доколку за тоа одлучи Јовески.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...