Еден ден пред одржувањето на редовното утрешно собрание на ФФМ, од Агенцијата за млади и спорт бараат да се усогласат членови од статутот на Федерацијата со Законот за спорт. Во спротивно изборното Собрание во Охрид на кое Мухамед Сејдини треба да биде избран за претседател, ќе го сметаат за нелегитимно. Директорот на Агенцијата предупреди дека во спротивно ќе се преземаат конкретни мерки, но не прецизираше кои се тие.

Веднаш со реакција се огласија и од ФФМ, од каде преку соопштение истакнаа дека ги почитуваат сите сугестии што доаѓаат од Агенцијата за млади и спорт, но сметаат дека одлуката со која се утврдени недостатоци или неусогласеност на статутот на ФФМ со Законот за спорт, не е конечна. Затоа, сè додека таа не стане официјална, не може да се пристапи кон нејзино извршување, се вели меѓу другото во одговорот на ФФМ.

Куќата на фудбалот смета дека изборното Собрание е целосно организирано според актите на ФФМ каде сите делегати ќе одлучат за новиот претседател на ФФМ. Инаку, Мухамед Сејдини е единствениот кандидат за таа функција. Од Федерацијата додаваат и дека статутот е усогласен со сите закони на ФИФА и УЕФА.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me



Loading...