Кендра Аленби е жена која сака да прави неверојатни работи. Нејзините карикатури кои често пати се објавуваат во дневниот весник „Њујоркер“ откриваат разновидности на човековиот живот, како тесни но преубави апартмани, барови преполни со луѓе.

Нејзиниот актуелен проект е патување долж бреговите на Пацификот. Со хатија за сликање, бои и со нејзиниот сопруг како поддршка, Кендра Аленби го документира своето пет месечно патување на кое видела неописливи убавини, неизбежен стрес и пикантни моменти кои се прикажани преку слики.

„Јас се викам Кендра и сум карикатуристка и сега патувам по планини веќе пет месеци. Ова патување со мојот сопуруг го почнавме од границата со Мексико до Канада. Поминавме низ пустини, полиња и планини, дури и низ снег“, вели Кендра Аленби, карикатуристка и планинарка.

И додека дестинацијата на овој брачен пар е јасна, Кендра веќе размислува каде ќе бидат изложени нејзините нови карикатури.

Елмедина Алији

Loading...

Shpërndaj me