Се уште не е позната судбината на преговорите помеѓу власта и ВМРО ДПМНЕ за СЈО. Владејачките партии и понатаму чекаат партијата на Христијан Мицкоски да седне на преговори, иако опозициската партија не планира да достави конкретни амандмани во оваа фаза. Последниот апел доаѓа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Апелирам до опозицијата да не се повлекува од дијалогот, да продолжи за да имаме согласност во корист на државата“, рече Ахмети.

Од СДСМ велат дека се уште не почнале преговори со другите пратеници надвор од мнозинството за евентуално обезбедување на 80 гласови, потребни за донесување на Законот за јавното обвинителство, во случај ВМРО да не го поддржи.

Македонската опозиција излезе со одредени барања за предлог-законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и судбината на СЈО. Таа бара поднесувањето обвиненија од СЈО да се ограничи до 30-ти јуни 2017 година, да се формира комисија што ќе го провери досегашното работење на тимот на Јанева, да се формира ново СЈО со нов тим во рамки на обвинителството за организиран криминал но со проширени надлежности и да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата. Власта бара опозицијата да излезе со конкретни предлог-амандмани за законот.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...