Речиси три месеци Судскиот совет никако да преземе конкретен чекор и да одлучи дали постојат елементи за разрешување на петте врховни судии на чело со Јово Вангеловски кои од притвор го ослободија бизнисменот Сеад Кочан. Судскиот совет ја исклучи денеска јавноста за оваа точка. Претседателот Зоран Караџовски објасни дека за дел од претставките за разрешување има одлуки дали се дозволени, но не посочи имиња на судии.

Повторно и повторно истото ќе ви го повторам, Вангеловски не може да биде присутен ако е во работа предмет каде што е поднесено барање за негова одговорност, тоа е многу јасно и нормално“, изјави Зоран Караџовски, Претседател на Врховен суд.

Членовите на Судскиот совет одлучија новинарите да не можат да ја следат ниту расправата за извештајот на министерството за правда за злоупотребите на АКМИС системот во судовите, иако Караџовски упорно тврди, дека во извештајот нема елементи на незаконско постапување на Претседателите на Врховниот и Кривичниот суд неколку години наназад.

Знаете дека таму има само општи насоки дека има некакви неправилности. Значи од судски аспект кажано во тој извештај нема ниту еден доказ дека некој може да се повика на одговорност“, рече Караџовски.

Судскиот совет на денешната седница не избра ниту претседател на скопска Апелација. За в.д. претседател ја назначија Лидија Димчевска, а сите пријавени кандидати за оваа позиција вонредно ќе бидат оценети.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me