Нема да се реализира барањето за отворање царински терминал на граничниот премин Јажинце- Глобочица. Причина е лошата инфраструктура, вели заменик- директорот на Царини, Ирфан Бучи.

Причината зошто не е отворен царинскиот терминал на граничниот премин во Јажинце е патната инфраструктура. Патот кој води до овој премин, патоказните знаци покажуваат дека низ овој пат можат да поминат тешки товарни возила до 5 тона додека над 5 тона не е дозволено. Во текот на летото, кога беше блокиран патот, целиот терминал го пренесовме во Јажинце и јасно видовме со какви тешкотии се соочивме во сообраќајот“, рече Бучи.

Но, од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека отворањето на царинскиот терминал на овој граничен премин помеѓу Македонија и Косово би го олеснил извозот на стоки помеѓу двете земји.

Нашата комора во неколку наврати достави барање до владата да се отвори царински терминал во Глобочица, зашто поголем дел од компаниите членови на Комората, оперираат во полошкиот дел и сигурно дека би било олеснување за пласирање на продуктите во Република Косово“, изјави Назми Ејупи- СКСЗМ.

Косовските институции изразуваат подготвеност да ја реализираат идејата за нов царински терминал. Амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса изјави дека добрата географска позиција овозможува поставување заеднички терминал на косовската страна. Пред околу две години во Скопје се сретнаа владини делегации на Македонија и Косово. И тогаш беше констатирано дека лошата инфраструктура го попречува економскиот развој на Косово и Македонија.

Според официјалните податоци, 140 илјада камиони со стока секоја година поминуваат низ македонско- косовската граница. Додека според податоците на Заводот за статистика во Косово, Македонија е вториот најголем извозник од земјите на ЦЕФТА во Косово.

Бесиан Лека

Shpërndaj me