Не постои застој на македонски камиони при влез во Руската Федерација. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели дека напорите на Владата се во насока на натамошно интензивирање на економската и секоја друга соработка со Русија.

Извозот на македонските производи бележи континуиран пораст неколку години по ред, а најмногу извезуваме овошје, зеленчук и цигари. Македонските власти денеска се сретнаа со бизнисмените кои соработуваат со стопанствениците на Русија, а на средбата присуствуваше и новиот амбасадор на Русија во државава Сергеј Александрович Баздникин.

„И ние сакаме да бидеме еден успешен пример во кој ќе ја реализираме нашата интеграција, нашите стратешки цели но од особено значење за нас и за нашата земја е зголемувањето на економската и се вкупна соработка со Руската Федерација и навистина ќе дадеме значаен акцент и фокус во тој правец“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...