Нема доволно добри локации за изградба на индустриски капацитети, потребно е постојано усогласување со законските прописи и сериозен проблем е недостигот на стручен кадар. Ова се трите главни проблеми со кои актуелно се соочува индустријата. Интерес за изградба на нови капацитети, има, но проблем е да се најде соодветна локација.

„Ние сметаме дека цената на локациите за изградба на нови индустриски капацитети е привисока во споредба со нивото на економскиот раст и затоа предлагаме секој квартал општините да преземаат обврска еднаш квартално да објавуваат редовни огласи за нови локации“, рече Трајан Ангелоски – Индустриска комора.

Од Сојузот на стопански комори апелираат до државата да ги намали квотите за упис на нови средношколци во гимназиите и општествените науки со цел една третина од нив да се запишат во средно стручно обазование.

„Само на територијата на Гази Баба која на некој начин е една од најголемите индустриски зони во град Скопје постои дефицит од 650 квалификувани работници. Бараме ускладување на уписната политика со барањата на пазарот на трудот и сметаме дека на овој начин ова прашање на подолг рок да се реши….“, додава Ангелоски.

И покрај последните податоци на Државниот завод за статистика каде што се забележува раст на индустиското производство каде закучно до септември изнсува 5,6 осто од Сојузот посочуваат дека за да сме во трка со земјите со висок технички развој потребно е минимален процент на раст да изнесува од 7 до 9 осто на годишно ниво.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...