Апелацискиот суд не ги прифати жалбите на Алекасандар Василевски – Нинџа, Горанчо Ангеловски – Ќосето, Младен Додевски, Никола Митревски – Кољо и Оливер Поповски. Тие се жалеа до повисокиот суд, откако Кривичен со претходно мислење од обвинителството не ги амнестираше за крвавиот упад на 27 – ми април. Апелацискиот суд ја вратил жалбата на обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви до Кривичен поради технички причини. Адвокатот на Нинџа, Звонко Давидовиќ смета дека не требало да се одлучува по амнестијата воопшто додека не заврши судењето за 27 – ми април.

„Во законот стои судот ќе донесе решение за амнестија и тоа оној суд кој го донел првостепеното решение односно првостепената пресуда. Ние во овој предмет немаме првостепена пресуда и овој суд не може да решава за ова според законот. Ниту еден кривичен совет не може да биде попаметен и над законот“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Адвокатот на Горанчо Ангеловски – Ќосето по денешната јавна расправа во Апелацискиот суд очекуваше жалбата на неговиот клиент да биде прифатена.

„Она што беше напишано во решението со кое се одбива молбата за амнестија кај Горанчо беше апсолутно неосновано. Таму се тврдеше дека пробива полициски кордон а тоа било според обвинителен акт а такво нешто ако го земеме и прочитаме обвинителниот акт внимтелно и ако направиме анализа на доказите такво нешто не постои“, рече Драган Пешевски, адвокат.

За настаните од 27 април амнестија добија 15 лица. Меѓу нив се пратениците кои ги отворија вратите во Собранието за да влезе толпата. Милост добија и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски. Само пет од 33 – ца обвинети не побараа амнестија. Судењето за овој случај продолжува на 15 јануари со завршни излагање на обвинетите.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...