Во нас секогаш постои борба помеѓу нашите емоции и умот. Чувствуваме едно, правиме друго, а потоа се прекоруваме.

Ние како луѓе, знаеме да бидеме премногу строги кон себе заради постапките. Тоа треба да се промени, да имаме верба и да престанеме да си ги кажуваме следните работи:

Се уште не сум доволно добар

Кој го тврди тоа и зошто? Вие? На која основа? Можеби мислите дека не сте доволно добри, но ако продолжите понатаму ќе дознаете дали сте во право и којзнае, можеби ќе се изненадите позитивно.

Треба да живеам по туѓите очекувања

Голема грешка! Секој треба да живее по сопствените очекувања ако сака да биде среќен. Никогаш не го стишувајте внатрешниот глас кој точно знае што сакате. Сигурно не сакате утре да се завртите назад и да сфатите дека во животот имате повеќе каења отколку остварени соништа.

Сакам да добијам признание за тоа што го правам

Да, задоволство е кога некој ќе го препознае и признае тоа што го правите, но тоа не додава на квалитет. Животот секогаш наоѓа начин да ги балансира работите така што вие ќе го добиете вашето признание на еден или друг начин.

За мене е доцна

Немојте минатото да ви ја украде сегашноста. Немојте да си судите за него, таму веќе не живеете. Тргнете напред и гледајте во иднината, каде што ве очекуваат многу нови работи за кои не е доцна. Таму е среќата.

Немам доволно за да бидам среќен и позитивен

Понекогаш ќе најдете дијамант, а понекогаш јаглен. Секој ден е нова шанса за успех и среќа. Наместо да кажете ‘немам доволно’ кажете ‘благодарам за ова што го имам’.

Не можам да им простам

Простувањето е ветување. Кога ќе му простите некому му ветувате дека нема да се лутите за минатото. Тоа не значи дека е во ред грешката, само значи дека вие сте подготвени да одите понатаму.

Можам сам

Никој не може сам. За голем дел од работите треба помош, за другата половина е потребно да се подели среќата и тагата.

Така што следниот пат кога ќе си кажете една од овие работи, вратете го назад зборот, бидејќи вие заслужувате повеќе.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...