Сигурно не постои човек кој не ужива во утринското кафе, но што точно знаете за овој популарен напиток?

Кафето повеќе од 100 години е омилен напиток на женската и машката популација, дури и децата сакаат да го пијат, но родителите не им дозволуват бидејќи може да им „порасне опаш“.

За вас подготвивме 7 интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за популарното црно кафе…

Вашиот организам нема потреба од кафе наутро
Вашиот организам по природен пат лачи кортизол – хормон поврзан со енергија и брзина. Овие работи ги чувствуваме веднаш кога се будиме.
Тоа значи дека кафето не е причината поради која наутро се расонувате и се активирате како што сите мислат.
Ако сакате да го искористите кофеинот на најдобар можен начин, може да се напиете кафе околку пладне, кога природното ниво на кортизол се намалува.

Кофеинот не е тоа што нè прави жедни за кафе
Дали некогаш сте размислувале зошто поради кафето се чувстувате енергични и поживи? Секако, сè е поврзано со мозокот. Сè додека мозокот е активен и невроните се активни, тие произведуваат ко-производ на аденозин. Нашиот нервен систем го мери нивото на овој хормон во организмот и престанува да го произведува кога неговите вредности стигнуваат до максимум – ова ве прави поспани и уморни.

Пчелите исто така се љубители на кофеин
Научно е докажано дека кофеинот ги привлекува пчелите како и дека ја зацврстува нивната долгорочна меморија.
Астронаутите пак, користат специјални чаши за да може да пијат кафе во вселената.
Научниците од Универзитетот во Портланд измислиле специјална чаша за кафе која овозможува астронаутите да пијат кафе во вселената.

Дали сте слушнале за кофеинска динамика?
Сакате ли максимално да ја искористите вашата попладневна дремка? Испијте малку кафе точно пред да легнете. Стручните лица тврдат дека чаша кафе во комбинација со 15- минути попладневна дремка, дополнително ги освежува и одмара луѓето.

Вревата во кафулињата може да биде инспиративна
Научниците по завршените испитувања тврдат дека амбиенталната врева се покажува како корисна за креативноста, па доколку во кафулињата почувствувате дополнителна продуктивност, сега знаете зошто е тоа така.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...