Сите го земаме животот здраво за готово, тука нема оправдувања. Мислиме дека сè ни е дадено туку-така и дека не треба да знаеме кое е значењето за неговото постоење. Имаме семејства – супер така треба, сите имаат.

Имаме работа – секако, тоа се подразбира.

Имаме добро здравје – наше си е.

Арно ама, за сите овие работи треба да кажеме „благодарам“, посебно за првата оти е една од најдрагоцените.

Кажете „благодарам“:

-За животните изненадувања секо ден. АКо ви се чини дека ништо не се случува, почекајте, дајте си време и ќе се оствари.

-За вистината со која се соочувате секој ден. Повеќето луѓе одбираат да живеат во лага, но кога тогаш таа ќе се одрази негативно. Свесноста е благодет.

-За тешките времиња кои ве научиле на животни лекции. Посебно важен момент во животот. Секоја грешка е лекција – не заборавајте.

-За предизвиците со кои се соочувате. Замислете живот без предизвик секој ден, монотонија, досада и несреќа.

-За шансата за насмевка. Звучи патетично, но пробајте еден ден без насмевка – тешко е бели?

-За секој нов почеток

-За секој избор во животот

-За неверојатните луѓе околу вас. Без нив е многу потешко.

-За можноста да љубите. Подобро е да љубиш и да изгубиш, отколку никогаш во животот да не си го почувствувал тоа.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...