Непосредно пред утрешниот ракометен меч помеѓу репрезентациите на Македонија и на Грција, селекторот Данило Брестовац направи неколку измени во споредба со стратегијата за натпреварот против Турција.

Имено, повредениот Стојанче Стоилов, кому му беше оперирано коленото нема да настапи, а неговото место ќе го пополни Горан Крстевски.

Како што веќе беше најавено, на местото на Милорад Кукоски повикан беше Дарко Димитревски, кој ќе има задача во играта во дефанзива.

Рокада ќе има на позицијата десен бек, каде Серафимов ќе го заземе местото на Јагуриновски како резерва на капитенот Кире Лазаров.

Мечот се игра утре, со почеток во 18:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...