Сите обожуваат да пијат смути, а тоа е токму поради можноста за мешање на состојки што ни се омилени.

Без разлика дали ставаме зеленчук или овошје, или пак други додатоци, овој вид на напиток изобилува со природни витамини кои директно се внесуваат во организмот и се како вистинска „бомба“ за нашето здравје.
Токму затоа наутро ќе почувствувате одлична енергија и свежина на телото.

Споделуваме 3 смути-напитоци кои помагаат за подобрување на имунитетот особено ако телото е склоно кон грип и настинки.

Смути од мед и киви
Кивите се супер здрави намирници. Полни се со антиоксиданти, содржат витамин Ц и тоа многу повеќе од портокалите.
Кивите се одличен извор на калиум, влакна, витамини А и Е. витамините А, Ц и Е имаат антиоксиданс активност.
Медот го стимулира производството на антитела кои учествуваат во одбрана против болести. Некои студии покажале дека тој е ефикасен за уништување на различни видови рак. Водата во комбинација со мед го подобрува здравјето и го намалува ризикот од настинки.

Смути од спанаќ и грејпрфрут
100 гр свеж спанаќ ќе ви даде околу 47% витамин Ц, одличен е за здравјето.
Настинките обично даваат сигнал кои велат да не го форсирате премногу телото.
Секојдневна конзумација на грепфрут го подобрува имунитетот и го спречува телото од настинки.

Смути од портокал и морков
Витаминот Ц во портокалите ќе ги стимулира бели крвни клетки во телото кои се борат против инфекции, а со тоа природно ќе го зајакне имунолошкиот систем.
Бета каротинот е добар извор на витамин А, кој го зајакнува имунолошкиот систем и го штити здравјето на очите .
Секојдневното конзумирање сок ​​од морков може да го намали ризикот од срцеви заболувања и инфаркт.

Со едно ваков напиток на наутро, му давате на телото здравје, енергија и свежина.
Започнете го денот со грижа за вашето здравје!

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...