Без оглед дали се мали или големи, веројатно не сме свесни колку многу работи го заматуваат нашето објективно расудување. Ова обично се нарекува когнитивна пристрасност, или нелогичен и ирационален начин на размислување, кој нè спречува од добивање на целосна слика.

Има една огромна листа на когнитивни предрасуди дефинирани од страна на социјалните психолози, но во овој текст се фокусираме на првите четири: себична пристрасност, когнитивна флуентност, безнадежно инвестирање, и пристрасно потврдување. Овие предрасуди може да влијaaт на начинот на кој размислуваме, се перцепираме себеси, остануваме во врски или работни места – за подобро или полошо, но обично второто.

Себичната пристрасност е тенденција на личноста да верува дека животните успеси се резултат на сопствените таленти и вредности, а какви било неуспеси се последица на надворешните фактори кои не можеме да ги контролираме. Ова е чест случај и пристрасен начин за зачувување на сопствена самодоверба. Препознавањето и самосвесноста, сепак, ќе ни обезбедат добра основа да преземеме иницијатива и да ја смениме нашата негативна шема.

Когнитивната флуентност е втора. Тоа значи дека имаме тенденција „полесните“ идеи да ги прифаќаме како вистина. На пример, зборови кои се римуваат се доживуваат како повеќе вистинити, отколку фразите кои всушност го кажуваат истото. Само затоа што нештата се нови, блескави и лесни (многу производи се продаваат на тој начин) не значи дека тие се најдобри за вас.

Некои други вообичаени видови когнитивни предрасуди вклучуваат укотвување – или тенденција да се држиме ригидно за одредени информации, игнорирајќи ги другите контрадикторни информации. Потоа ефект на толпа или тенденција на личноста да направи нешто само затоа што многу други го прават тоа. Има дури и нешто што се нарекува ефект на навивачка – личноста се чувствува попријатно и атрактивно кога стои во група, отколку сама. А можеби најлоша е слепата пристрасност, односно кога веруваме дека не сме пристрасни. Во реалноста сите ние сме пристрасни, помалку или повеќе.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...