Неодамнешниот капитен на кадетската, а претходно и на пионерската репрезентација на Србиија, Артон Зекај, одлучи во продолжението на кариерата да настапува за селекцијата на Косово. Веста ја објави фудбалскиот Сојуз на Косово.

„Можеме официјално да потврдиме дека Зекај ќе игра за Косово почнувајќи од следната недела и ќе се најде во состав на селекцијата до 21 година за натпреварите во јуни“, се наведува на твитер профилот на фудбалскиот сојуз на Косово.


Иако српската федерација се противеше за трансферот, ФИФА побара на Зекај да му биде одоборено да настапува за Косово. Ако српскиoт Сојуз не одговори позитивно на барањето, Зекај, кој моментално е член на француски Лил, автоматски стекнува право да се најде во редовите на косовските младинци.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...