Колку и кога може да се очекува најавеното покачување на миниманата плата останува тајна за јавноста. Преговорите кои Владата ги води со работодавачите, синдикатите, и коморите се уште се во тек. И покрај оптимистичката најавата на премиерот Зоран Заев дека за неполн месец минималецот ќе биде покачен, по се изгледа покачувањето можно е да задоцни.

„Во мометов се водат дискусии за зголемување на минималната плата со сите заегнати страни, затоа што ние како Влада сме се обврзале на социјален дијалог со сите партнери меѓу кои синдикатите, работодавачите и стопанските комори. Да не калкулираме со суми додека тоа не биде јасно дефинирано, прецизно, со сите калкулации јавно достапни, како и секоја политика досега што ја креиравме транспарентно, јавно, со сите партнери така и оваа во моментот кога ќе биде финална јавноста ќе биде известена“, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Откако во јавноста одекна инфомрацијата дека висината на минималната плата ќе биде 15.500, а ја објави министерот за економија Крешник Бектеши, Владата експресно го демантираше со ставот дека се уште се преговара. Оваа висина на минималецот предизвика и реакции од страна на стопанствениците кои велат дека може да биде поголемо зголемувањето, но да се замрзнат придонесите. Синдикатот пак бара покачување за 1.000 денари или на 13.500 денари, колку што изнесуваат трошоците за храна. Сепак, пресметките на дел од економистите се дека максималното ниво на минимална плата е до 13.000 денари, бидејќи над оваа сума дел од фирмите нема да бидат рентабилни.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...