Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа и покачување на платите за 25 проценти во сите сегменти од полицијата, редовната, шумската полиција, затворската и во судската полиција.

Претседател на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев, порача дека се соочуваат со низа проблеми во работењето како незаконски прераспеделувања, притисоци врз членовите на нивниот синдикат да не излезат на протестот и изрекувања повеќекратни дисциплински постапки, поради што денеска се присутни, само претседатели на синдикалните организации и синдикални подружници на полициските станици и на граничните сектори.

Генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, посочи дека бараат и подобри услови и права за подобар живот, владеење на правото конечно и во МВР, запирање на пресметката на синдикалните претставници на Независниот синдикат на полиција и на незаконските прераспоредувања во МВР.

-Денеска тука излеговме сите заедно и кажуваме „протестирам за конечно да добијам униформа, конечно да добијам достоинствена плата, за струја и вода во сите полициски станици, за соодветна заштита при работа, за професионалците конечно да бидат вреднувани зошто не чекам друг да ми ги реши проблемите, за враќање на достоинството во наведените институции, за нов модерен и европски колективен договор во полицијата и шумската полиција затоа што освен за нас, се работи и за нашите деца. Да не дозволиме да ги изгубиме нашите деца за да заминат во странство, рече Коцевски.

Изразувајќи благодарност до колегите од Синдикатот на српската полиција коишто им дадоа поддршка и присуствуваат на протестот, тој со порака и до министрите и до нивните подредени началници и командири, како што вели, да престанат со притисоците кои секојдневно ги прават кон вработените да не излегуваат на протестот, со на денот на протестот измислени обезбедувања, технички денови за чистење на оружје, ангажирање на ПЕР итн.

Дејан Саздов, портпарол на НСП кажа дека нивниот револт ќе продолжат да го изразуваат со барање за 25-процентно покачување на плата, вели, еднакво како и за останатите работници во државта.

МИА

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...