Медиумите од регионот пишуваат за големата полициска акција со која се пресретнаа 1,2 тони кокаин, од кој дел требаше да заврши на црниот пазар во земјава. Босански „Независне Новине“ објави дека станува збор за организиран синџир, кој го открила италијанската полиција. Според нивни извори, откако истражителите ја откриле дрогата во едно италијанско пристаниште, одземале 970 пакети тешки 1128 килограми а пратката повторно запечатена заминала за пристаништето во Бар во Црна Гора. Полицијата во контејнерите оставила само еден пакет кокаин, тежок еден килограм. Поставила систем за следење, за да утврди каде треба да заврши толкаво количество на дрога.

Независне Новине

„Независен “ дознава дека по пратката во Бар пристигнале шест камиони од кои четири пристигнале од Македонија. Стигнале со запечатени контејнери, не свесни дека полицијата ги следи, а наместо наркотични средства, со нив пристигнал само килограм кокаин оставен од истражителите. Другите два камиони заминале за БиХ, не свесни дека транспортираат празни контејнери и дека ги следи полицијата“

Државната агенција за истраги и заштита од Босна, информираше дека при меѓународната акција, таму се уапсени две лица. Во земјава, операцијата на македонската полиција на Фејсбук ја најави министерот за внатрешни, Наќе Чулев. Токму за ваквиот начин за откривање на детали од операцијата на полицијата, пристигнала реакција од италијанските власти. Го предупредиле министерот дека со Фејсбук објавата издал информации, тврди дополнителната заменичка министерка во МВР, Славјанка Петровска во интервју за емисијата „360 степени“.

Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер во МВР 

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција. 0:41 И на крај, бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект ододносно она што италијанските власти очекувале дека ќе се случи“

На 19 февруари, министерот Чулев соопшти дека во скопското село Крушопек се вршат претреси поради недозволена трговија со дрога. Меѓу другото посочи дека со неговото поставување на чело на полицијата поминало времето кога високото раководство на МВР ги поддржувало криминалните структури во земјава. Полицијата во село Крушопек во фирмата „Бантекс“ заплени еден килограм кокаин сместен помеѓу пакети со банани. Уапсени беа четири лица. Обвинителството донесе наредба за истрага против две лица и побара притвор за газдата на фирмата „Бантекс“ увозник на бананите.

Bojan Stojanovski

Loading...

Shpërndaj me

Loading...