Освен што повеќе од една година нема прв ревизор, Државниот завод за ревизија, институција која ги контролира Владата, министерствата и сите државни и општински институции, нема доволно вработени. Министерот за финансии Драган Тевдовски призна дека  недостасуваат државни ревизори, но најави дека решение ќе се бара дури после претседателските избори.

„Ќе направиме се, не само кадровски туку и според стандарди да го развиваме овој систем. Бидејќи сметаме дека е важен за функционирање на јавните финансии. По завршувањето на изборите чекор по чекор ќе работиме на реализација на оваа стратегија“, рече министерот Тевдовски.

Тевдовски вели дека државата прави се за да се подобри системот на ревизорската работа, но досега јавноста не чула некој функционер да биде опоменат, а камо ли санкциониран по извршена контрола од страна на државен ревизор. Иако во извештаите на Државниот завод за ревизија, често пати се нотираат неправилности за трошење буџетски пари, институциите ретко кога го казнуваат сторителот.

Последниот годишен извештај за работата на државните ревизори објавен на сајтот на заводот е за 2017 – та година. Оваа институција на годишно ниво троши околу 1,5 милиони евра главно пари од централниот буџет, а многу мал дел средства кои сама ги обезбедува. Инаку, во земјава има 90 државни ревизори кои вршат контрола врз трошењето на јавните финансии на нешто над 1.100 државни институции.

Според систематизацијата недостасуваат уште најмалку 50 ревизори, кои би требало да имаат поголема соработка со внатрешните ревизори кои се дел од институциите. И оваа внатрешна ревизија не ги дава посакуваните резултати па затоа и овие сектори ќе се зајакнуваат.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...