Маслата веќе со векови наназад се користат во служба на убавината. Алтернативната медицина сугерира дека негувањето на кожата со масла, овозможува природна, безбедна и беспрекорна нега на вашето лице, тело и коса. Билните масла исто така можат да помогнат во решавање на одредени дерматолошки проблеми.

Бадемовото масло е одлично за отстранување на шминката и може во потполност да го замени класичниот отстранувач на шминка. Одлично е и за обновување на кожата па може да го нанесувате и на подрачјата на кои имате брчки или лузни бидејќи содржи витамин Е. Бадемовото масло е одличен избор и за потхранување на вашата коса. Бадемовото масло е совршенп за нега на сува кожа. Кожата брзо го впива и го спречува сушењето, а помага и кај намалувањето на подочниците настанати како последица од замор.

Ако сакате да имате убава кожа, секое утро на гладно земете по една мала лажичка маслиново масло, препорачуваат стручњаците. Маслиновото масло може да го втриете и во кожата на лицето за да ја потхраните и навлажните кожата и како би ја ублажиле видливоста на лузните, а тоа е и фантастична замена за лосионите за тело. Кога се работи за косата, еднаш неделно во неа втријте маслиново масло, а потоа оставете го да делува барем еден час пред да го исплакнете. Вашата коса ќе биде блескава и ќе изгледа здраво.

На кокосово масло може да приготвувате вкусна храна, а може да го користите и за секси и сјаен изглед на вашата кожа. Од него направете домашен пилинг за тело промешувајќи го со малку кафеав шеќер.

Невеновото масло е многу ценето поради своите лековити својства. Ја поттикнува циркулацијата, помага при лекување на гнојни рани и чирови, ги смирува воспалителните процеси на кожата, спречува појава на лузни, лекува изгоретини особено од сончање, ја чисти масната и проблематична кожа, ја негува сувата кожа склона кон егземи, лекува габични заболувања на кожата, а се употребува и при тегоби со проширени вени и хемороиди. Поради присуството на провитаминот А, од голема помош е и при псоријаза.

Чичковото масло има антибактериско и антисептично дејство. Помага при себореични промени на кожата на главата. Успешно спречува и отстранува првут, го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, давајќи и сјај, волумен и виталност на косата. Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час. Потоа се мие со благ шампон. Маслото може да се користи и за обликување  на косата.

Ефикасните лековити својства на кантарионот се припишуваат на активната состојка – хиперицин, кој е заслужен за против воспалителни, смирувачки и регенерирачки дејства на билката и сите нејзини состојки. Маслото од кантарион се смета за волшебно, бидејќи успешно ги смирува или лечи низа симптоми, како акни, лузни, изгореници од сонце.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...