Пратениците пред избори да ја поништат лустрацијата, побараа невладините организации. Анализите на „Блупринт Групата“ покажа дека процесот бил политички злоупотребен од тогашната власт на Никола Груевски, а забелешки имал и официјален Брисел. Тогаш, Комисијата за лустрација, лустрирала и починати лица но и пензионери, кои не можеле да извршуваат јавна функција. Освен оние кои биле прогласени за кодоши, без да имаат право да се бранат, страдале и нивните семејства.

„Како „Блупринт Група“ го поддржуваме овој Закон и сметаме дека треба да биде под итно откочен во овој момент процесот во Собранието и да биде донесен пред распуштање на Собранието имајќи предвид дека станува бор за процес кој што беше црна дамка во нашето општество и беше искористен за политички реваншизам“,, рече Сибел Амет, „Блупринт Група“.

Невладините сметаат дека законот за поништување на лустрацијата, Министерството за правда го поднела многу доцна.

„Се надеваме дека пратениците ќе се огласат на нашето барање и разумот ќе преовладее како што би рекле“, додава Амет.

Податоците на невладините се дека Комисијата за лустрација проверила околу 30 илјади тајни досиеја. Двесте лица прогласила за соработници на службите, а лустрирани биле над 300 луѓе. Невладините не бараат само укинување на лустрацијата, туку и да се поништат решенијата.

Законот кој го поднесе СДСМ, нема поддршка ниту од коалициониот партнер ДУИ, ниту од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, партија која го иницираше процесот на лустрација.

Бојан Стојановски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...