Добивањето на датумот за отпочнување преговори со ЕУ ќе им даде повеќе можности на организациите од граѓанското општество и на новинарите да извршат притисок врз владата за спроведување на вистинските реформи за членство. Ова го потврдува анализата направена од Eуротинк, поддржана од Фондацијата Отворено општество. Во периодот 2016-2019 година има напредок во сите поглавја кај политичките и економските критериуми, а земјата од заробена држава станала држава со серија реформи.

Според Љупчо Петковски од Европскиот центар Eуротинк, Владата ги донела клучните документи, но останува да се спроведат, а за тоа треба помош и од ЕУ.

Недавањето датум за старт на преговорите и застојот во тој процес, според лидерите на овие организации, бил било казна не само за Владата, туку и за граѓаните.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...