Македонија не може да се соочи со нов бран емигранти од Сирија. Ова се должи на фактот што нашата земја веќе не е на списокот на емигрантите кои транзитираат низ Балканот. Коментирајќи ги најавите на министерката Шеќеринска дека воздушните напади во Сирија можат да донесат нови емигранти, Јасмин Реџепи од здружението „Легис“ вели дека тоа не може да се случи бидејќи повеќето од нив би запреле во Турција.

Но, првите луѓе на здружението „Класје на добрината“ велат дека земјата може да се соочи со нов бегалски бран, па затоа и бараат помош од институциите.

„Ние сме загрижени по многуте изјави од разни лидери од Турција и така натаму, дека може да има емигранти кои ќе дојдат кај нас. Ако се има предвид минатото искуство, овој пат мора да бидеме подготвени и да ги елиминираме сите слабости кои се случија“, рече Руфат Шерифи- претседател на Х.О „Класје на добрината“.

При бегалскиот и мигрантски бран пред три години низ територијата на Македонија поминаа над 800 илјада емигранти, додека десетици и понатаму живеат во бегалскиот камп во близина на границата со Србија кај Табановце.

Валмира Зендели

Loading...

Shpërndaj me