Никој не посакува да биде изневерен. Но, некогаш, дури и во најсреќните врски се случува неверство. И токму околу неверствата постојат некои општоприфатени вистини и правила кои би сакале да ги демантираме.

Мажите изневеруваат повеќе од жените

Можеби пред педесетина години, мажите изневерувале повеќе од жените, но, денес нештата се променети. Сè повеќе жени ги изневеруваат своите партнери и не може да се даде статистика за тоа кој повеќе изневерува, дали мажите или жените. Сепак, жените како поитри поуспешно сокриваат неверство…

Неверството значи крај на врската

Неверството ги разнишува темелите врз кои се гради секоја врска, т.е. ја убива довербата. Но, тоа не значи дека врската не може повторно да биде изградена. Во некои случаи, неверството може и да ги мотивира партнерите поефективно и поотворено да комуницираат и да ги решаваат проблемите. Ако двајцата партнери имаат голема желба врската да продолжи, тогаш неверството не значи и крај на врската.

Во среќните врски нема неверства

Дури и најздравите и најуспешни врски не се имуни на неверството. Луѓето изневеруваат од различни причини. На пример, затоа што се себични, незрели или затоа што бараат повеќе возбуда, бараат нешто што не го добиваат во врската. Во секој случај, експертите сметаат дека жените почесто изневеруваат кога нешто им недостига во врската. Мажите пак, според психолозите изневерувааат дури и ако имаат сè во врската, чисто од забава.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...