Жените кои за првпат во животот стануваат мајки се соочуваат со голема промена во нивното секојдневие. Малечките бебчиња имаат свои барања и тек на настаните, а совет плус никогаш не е на одмет.

  • Постојат пелени кои имаат линија што менува бои за вие да знаете кога бебето има мокра пеленка. Ова е олеснителна околност за да не мора на секоја проверка да го пресоблекувате. Или ако немате при рака ваков вид пелени, стариот и добар начин со опипување на предниот дел на пелената ќе знаете дали е измочкано или не.
  • Кога ќе почне да јаде цврста храна, на хранилката ставете единичена кукаста закачалка каде ќе обесите повеќе лигавки, за да не мора да трчате секогаш кога ќе има ‘несреќна’ ситуација при јадењето.
  • Чорапчиња перете ги во мрежи за алишта за да не се губат.
  • Ако си игра бебето надвор во дворот, ставете обичен чаршаф преку игралната за да избегнете каснување од инсекти и преголема изложеност на сонце.
  • Користете сода бикарбона, детергент и жешка вода за побрзо да ги исчистите шишињата на бебето.
  • Бодито соблекувајте одозгора. Ова е од корист кога ќе поврати или ќе се извалка со храна.
  • Поминувајте 40 секунди нежно врз лицето на бебето со марамче ако сакате полесно да заспие.
  • Вакумирајте ги пелените за полесен транспорт при патување.
  • Најдобро време да ги исечете ноктите на бебето е 20 минути откако ќе заспие.
  • Не заборавајте да спакувате екстра блуза за вас во торбата со пелени.
Loading...

Shpërndaj me

Loading...