Екипата на Хјустон израмни на 1:1 во серијата до четири победи во Западната Конфереција, откако со високи 127:105 победи против Голден Стејт. Голден Стејт беше достоен противник само во една четвртина, по што Хјустон имаше целосна доминација до крајот. Гордон и Харден постигнаа по 27 поени додека Такер уфрли 22. Кај поразените се истакна Кевин Дјурант со 38 поени додека Стефан Кери средбата ја заврши со скромни 16 коша. Следните две пресметки се играат на паркетот на Голден Стејт.

Shpërndaj me